Римејкот на „Оркански висови“ на студиото Ворнер Брос се очекува да доминира викендов на Бокс офисот. На претпремиерата во четвртокот филмот заработи 3 милиони долари од продажба на кино билети и се очекува да го заврши викендот со заработка меѓу 40 и 50 милиони долари.

Станува збор за голем успех на Воренер, со оглед на фактот што делото „Оркански висови“ е познато главно на постарата женска популација.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Маргот Роби и Џејкоб Елорди. Критичарите очекуваат да видат како ќе се однесува публиката кон Маргот Роби во посериозна улога, по онаа со хитот „Барби“.

Слични новости

На Бахамите пронајдени остатоци од бродови на пиратите од Карибите

На Бахамите пронајдени остатоци од бродови на пиратите од Карибите

Меѓународен тим на археолози откри во пристаништето Насау остатоци од бродови поврзани со вистинските карипски пирати од златното време на пиратирањето, меѓу кои биле злогласните Црнобардиот и Џек Рекам.