Меѓународен тим на археолози откри во пристаништето Насау остатоци од бродови поврзани со вистинските карипски пирати од златното време на пиратирањето, меѓу кои биле злогласните Црнобардиот и Џек Рекам.

Истражувачите пронајдоа остатоци од шест бродови, за кои се верува дека потекнуваат од периодот на крајот на 17-от и почетокот на 18-от век, кога Насау на остворот Њу Провиденс беше едно од главните уточишта на карипските пирати, пренесува денеска Гардијан.

Меѓу најзначајните остатоци се јагленисани делови од бродови, железен топ, помали топови, 25 оловни мускетни кугли и камен за острење на мечеви.