Психолошкиот хорор „Задните соби“ ги надмина сите очекувања и заработи фантастични 81 милион долари на американскиот Бокс офис во премиерниот викенд. Надвор од Америка филмот нема таква популарност и заработи 36,5 милиони долари за вкупни 118 милиони долари на премиерниот викенд.

Филмот е во режија на Кејн Персонс, а главните улоги го толкуваат Чиветел Еџиофор и Ренате Реинсви.

Продуцентот Крис Фергусон кој го сними филмот во Ванкувер за скромни 10 милиони долари изјави дека никогаш во животот немал толку многу телефионски повици и интерес за неговата продуцентска компанија, по фантастичниот успех на Бокс Офисот.

 

Слични новости

На Бахамите пронајдени остатоци од бродови на пиратите од Карибите

На Бахамите пронајдени остатоци од бродови на пиратите од Карибите

Меѓународен тим на археолози откри во пристаништето Насау остатоци од бродови поврзани со вистинските карипски пирати од златното време на пиратирањето, меѓу кои биле злогласните Црнобардиот и Џек Рекам.