Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во следните три до четири месеци, или можеби и порано, ќе поднесе оставка, нагласувајќи дека тоа ќе биде дел од пошироки политички промени во земјата.
Тој додаде дека размислува и за можна кандидатура за премиер, како и за нови решенија во рамки на владејачката Српска напредна странка, која наскоро ќе ја претстави својата листа за претстојните парламентарни избори.
Српскиот претседател најави дека изборите нема да се одржат во летниот период, туку за неколку месеци, а деталите за политичките планови и новата изборна програма ќе бидат презентирани на собир во Белград на 27 јуни.
Слични новости
Трамп разочаран од Израел
Американскиот претседател Доналд Трамп е се понезадоволен од постапките на Израел, за кои Вашингтон смета дека може да ги отжнат преговорите со Иран и дополнително да ги подигнат тензиите на Блискиот исток, пишува Политико повикувајќи се на извори во Белата куќа.
Иран изврши ракетни напади врз американски бази на Блискиот исток во знак на одмазда
Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда соопшти дека целта на нивните напади била американската Петта флота во Бахреин. Но ирански ракети биле пресретнувани и во Јордан и Кувајт.
Америка ги нападна иранските радари и системи на противвоздушна одбрана кај Ормутскиот теснец по соборувањето на хеликоптерот Апачи
САД изведоа нова серија удари врз иранските воени позиции во близина на Ормутскиот теснец, по соборувањето на американскиот хеликоптер АН-64 Апачи кај Ормутскиот теснец.


