САД изведоа нова серија удари врз иранските воени позиции во близина на Ормутскиот теснец, по соборувањето на американскиот хеликоптер АН-64 Апачи кај Ормутскиот теснец.

Откако американскиот претесдател Доналд Трамп го обвини Иран за соборувањето на хеликоптерот, тој порача дека Америка мора да возврати силно.

„Одговорот мора да биде многу силен, многу моќен и ова што сега се случува е токму тоа“ изјави Трамп.

Американската централна команда соопшти дека извршила удари по налог на претседателот Трамп и дека главно биле насочени кон исранските системи за противвоздушна одбрана, контролните станици и надзорните радари.

Иранските медиуми јавија дека одекнувале експлозии во јужната провбинција Хормозган, како и во реоните Кешма, Сирика и Минаба во близина на Ормутскиот теснец.

По американските удари, Техеран најави одговор.

Слични новости

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави оставка на претседателската функција

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави оставка на претседателската функција

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во следните три до четири месеци, или можеби и порано, ќе поднесе оставка, нагласувајќи дека тоа ќе биде дел од пошироки политички промени во земјата.

Продолжуваат нападите меѓу САД и Иран

Продолжуваат нападите меѓу САД и Иран

САД и Иран втор ден по ред разменија напади на Блискиот Исток, дополнително зголемувајќи ги тензиите и покрај прекинот на огнот договорен во април. Американската Централна команда соопшти дека извела напади врз воени, радарски и надзорни цели во јужен Иран.