Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во следните три до четири месеци, или можеби и порано, ќе поднесе оставка, нагласувајќи дека тоа ќе биде дел од пошироки политички промени во земјата.
Тој додаде дека размислува и за можна кандидатура за премиер, како и за нови решенија во рамки на владејачката Српска напредна странка, која наскоро ќе ја претстави својата листа за претстојните парламентарни избори.
Српскиот претседател најави дека изборите нема да се одржат во летниот период, туку за неколку месеци, а деталите за политичките планови и новата изборна програма ќе бидат презентирани на собир во Белград на 27 јуни.
Слични новости
Трамп: Договорот со Иран е „многу силен меморандум за разбирање“, ќе биде потпишан во Европа
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека САД се блиску до потпишување договор со Иран за завршување на војната, а договорот ќе биде потпишан во Европа, во наредните денови.
Продолжуваат нападите меѓу САД и Иран
САД и Иран втор ден по ред разменија напади на Блискиот Исток, дополнително зголемувајќи ги тензиите и покрај прекинот на огнот договорен во април. Американската Централна команда соопшти дека извела напади врз воени, радарски и надзорни цели во јужен Иран.
Денеска почнува Светското првенство во фудбал
Денеска стратува Светското првенство во фудбал 2026, чии домаќини се САД, Канада и Мексико. Со натпреварот Мексико – Јужна Африка вечерва во 21 часот почнува фудбалската светска треска.


