Некогаш ултра популарната серија „Чарлиевите ангели“ со Фара Фосет беше филмувана од Сони, а сега студиото се обидува да направи нов ривајлвал на франшизата за трите девојки кои заедно одеа во полициска академија, а потоа станаа приватни истражителки.

Сони развива нова верзија на филмот, а сценариото го пишува Пит Киарели познат по романтичната комедија „Понуда“ со Сандра Булок и Рајан Рејнолдс.

Холивуд рипортер објавува дека за новиот „Чарлиеви ангели“ најверојатно ќе биде ангажирана Дру Баримур.

Оригиналната серја „Чарлиевите ангели“ се емитуваше на американската телевизија АБЦ од 1976-1981.

Слични новости

На Бахамите пронајдени остатоци од бродови на пиратите од Карибите

На Бахамите пронајдени остатоци од бродови на пиратите од Карибите

Меѓународен тим на археолози откри во пристаништето Насау остатоци од бродови поврзани со вистинските карипски пирати од златното време на пиратирањето, меѓу кои биле злогласните Црнобардиот и Џек Рекам.