Пратениците денеска ќе расправаат за Предлог одлуката за продолжување на кризната состојба поради можни нарушувања во снабдување со нафта и нафтени деривати. Според предлогот на Владата, мерката треба да важи од 21 јули до 20 октомври.
Владата образложува дека продолжувањето на кризната состојба ќе овозможи навремено реагирање доколку дојде до прекини во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари.
Целта е да се зачува стабилноста на домашниот пазар и да се заштитат граѓаните и стопанството од можни последици.
Слични новости
СДСМ: Мицкоски ја турна државата во изолација
Послените пораки од Европската Унија се најсилниот доказ дека Македонија повеќе не е на европската агенда, велат од СДСМ. Додека Европската Унија на таканаречениот „супер вторник“ отвора нови кластери и поглавја со земјите кандидати, Македонија повторно останува надвор од европскиот пат.
ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата во Македонија е најниска во регионот
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Македонија има најниска инфлација во регионот меѓу земјите што досега ги објавиле податоците за јуни, обвинувајќи ја СДСМ дека шири невистини и се обидува да создаде чувство на економска несигурност.
СДСМ го обвинува ВМРО дека сака да украде 200.000 гласови од странство
Главната цел на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ, е да истурка Изборен законик што ќе овозможи изборен грабеж преку злоупотреба на 200 000 гласа.


