Отако премиерот Мицкоски синоќа рече дека не разбира зошто СДСМ и Левица се против можноста македонскуте граѓани во странство полесно да го остваруваат своето гласачко право, СДСМ остро го нападна премиерот дека подготвува изборна измама.
Според СДСМ, станува збор за уште една лага на премиерот бидејќи, како што велат, дијаспората и сега гласа согласно постојниот модел, а измените на кои инсистира ВМРО-ДПМНЕ се предвидува да почнат да се применуваат од претседателските избори во 2029 година, па понатаму.
Главната цел на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ, е да истурка Изборен законик што ќе овозможи изборен грабеж преку злоупотреба на 200 000 гласа.
Во СДСМ тврдат дека причината поради која премиерот и партијата со која раководи настојуваат да ја протнат оваа измена на Изборниот законик што води кон изборен грабеж е бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ја губи поддршката од граѓаните и сака изгубените гласови во Македонија да ги надомести преку злоупотреба со електронско гласање од надвор.
Слични новости
Напредуваат преговорите меѓу Иран и Оман за деблокада на Ормутскиот теснец
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп и нареди на американската војска да ги запре нападите врз Иран за да се овозможи дипломатско решение на судирот. Откако 13 денови по ред Трамп ги одобруваше нападите на американската војска, од петокот Трамп не ја одобрува нивната примена и нареди војската да се воздржи од нови напади.
Повеќе од 60 полицајци повредени во напад на противниците на брзата пруга Торино-Лион
Најголемите судири се случија на градилиштето на пругата во Кјомонте. Таму биле извршени повеќе едновремени напади, поради што италијанските медиуми оценуваат дека станува збор за однапред подготвена и координирана акција. По повеќе обиди маскираната група го пробила полицискиот кордон и упадна во просторот пред железничкио тунел.
Македонското знаме во кабинетот на Али Ахмети по цели 24 години
Али Ахмети изјави дека истакнувањето на државното знаме никогаш не му претставувало проблем и порача дека отсекогаш се залагал за унитарна држава.


