ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Македонија има најниска инфлација во регионот меѓу земјите што досега ги објавиле податоците за јуни.

Од владејачката партија наведуваат дека, според последните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни изнесува 3,4 проценти, што, како што велат, претставува намалување од 0,5 проценти во однос на мај.

Во Словенија инфлацијата изнесува 3,6 насто, во Грција 3,9, Хрватска има инфација од 4,5 насто, а Бугарија 5,6, соошти ВМРО ДМНЕ.

Партијата ја обвини СДСМ дека шири лаги и се обидува да креира чувство на економска несигурност.

Слични новости

Министерот за здравство Клековски побара да нема „слободни јавачи на епидемијата“

Министерот за здравство Клековски побара да нема „слободни јавачи на епидемијата“

Министерот за здравство, Сашо Клековски ги нарече „слободни јавачи на епидемијата“ оние доктори кои објавуваат стручни мислења и совети за евентуални последици од консумирање на загадена вода преку социјалните мрежи.

Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси

Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси

ДЗР утврди дека единиците на локалната самоуправа не ги користат целосно своите фискални капацитети, што резултирало со речиси три милијарди денари ненаплатени побарувања од даноци, такси и надоместоци во периодот од 2020 до 2024 година.