Филмот „Испратете помош“ на студијата Дизни и 20-ти Век втора недела по ред се задржа на врвот на американскиот Бокс Офис со скромна заработка од 10 милиони долари.
Големите студија не ги пуштаат блокбастерите за време на викендот кога се одржува финалето на американскиот Супербол, па затоа и бројките на Бокс Офисот се крајно скромни.
Црниот хорор -трилер на режисерот Сам Реими со Рејчел Мек Адамс и Дилан О Брајен во главните улоги засега заработи 36 милиони долари во САД и 18 милиони долари на странските пазари за 10 дена прикажување, што е повеќе од солидно за филм со скромен буџет од 40 милиони долари.
Слични новости
Психолошкиот хорор „Задните соби“ убедливо прв на американскиот Бокс офис
Психолошкиот хорор „Задните соби“ ги надмина сите очекувања и заработи фантастични 81 милион долари на американскиот Бокс офис во премиерниот викенд.
На Бахамите пронајдени остатоци од бродови на пиратите од Карибите
Меѓународен тим на археолози откри во пристаништето Насау остатоци од бродови поврзани со вистинските карипски пирати од златното време на пиратирањето, меѓу кои биле злогласните Црнобардиот и Џек Рекам.
Стогодишнина од раѓањето на Мерилин Монро
На денешен ден пред 100 години беше родена славната американска глумица и фотомодел Мерилин Монро. Таа е родена во Лос Анџелес како Норма Џин Мортенсен.


