Израелските власти соопштија дека во воздушен напад во градот Газа е убиен новиот командант на вооруженото крило на Хамас, Мохамед Одех.Според изјави од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, нападот се случил неколку дена по ликвидацијата на неговиот претходник.

Израелската безбедносна служба Шин Бет наведе дека Одех бил следен со месеци и дека објектите што ги користел како засолниште биле цел на координирана операција.

Во нападот, според палестински извори, загинале најмалку тројца луѓе, а десетици се повредени по бомбардирање на станбена зграда… Очевидци изјавиле дека зградата била погодена од повеќе проектили, додека операцијата се случила и покрај тековен прекин на огнот во Газа.

 

Слични новости

Воените сили на САД брзо ги испукаа крстосувачките ракети „Томахавк“ во војната со Иран

Според податоците што досега ги има објавено американската Централна комада досега врз Иран се испукани над 400 ракети „Томахавк“, што е рамно на петгодишното производство на овие крстосувачки ракети.