Ројтерс јави дека за пет дена од операцијата „Епски бес“ против Иран САД потрошија повеќе далекуметни ракети од вкупната бројка што САД и ги има испратено на Украина за 4 години војна. Ројтерс пренесе и дека на американската војска почнува да се соочува со недостиг на крстосувачки ракети од типот „Томахавк“.

Американскиот претседател Доналд Трамп, пак,  тврди дека залихите на американско оружје се речиси неограничени и дека има доволно муниција за „вечна војна“ и големи победи.

Во меѓувреме Трамп ги повика шефовите на водечките воени компании во Белата куќа за да им нареди да го зголемат производството. Ројтерс јавува дека на средбата во Белата куќа закажана за во петок треба да присуствуваат и директорите на компаниите „Локид Мартин“ и „Рејтион“ што ги произведуваат ракетите „Томахавк“.

Според податоците што досега ги има објавено американската Централна комада досега врз Иран се испукани над 400 ракети „Томахавк“, што е рамно на петгодишното производство на овие крстосувачки ракети.

Со ова темпо, можно е на бродовите и подморниците во регионот да им снема крстосувачки ракети веќе за три дена, предупредува Ројтерс. 

 

Слични новости

Нови руски удари во Украина

Нови руски удари во Украина

Нападите следуваат по краткото примирје за време на православниот Велигден, за кое двете страни меѓусебно се обвинија дека го прекршиле.

Иран го обвинува Венс дека го известувал Нетанјаху за текот на преговорите

Иран го обвинува Венс дека го известувал Нетанјаху за текот на преговорите

За време на неодамнешните разговори меѓу САД и Иран во Исламабад, потпретседателот на САД Џеј Ди Венс одржувал паралелна комуникација со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави иранската телевизија.