„Ова е навистина кул место, зарем не“, и порача Пол Макартни на публиката во распродадениот Фонда Театар во Холивуд за време на концертот по изведбата на некогашниот хит на Битлс „Хелп“.

Макартни сугерира дека Фонда Театарот е поинаков од концертните сали каде што вообичаено свири, заради својата интимност. Макартни настапи со најголмите хитови на неговите бендови Битлс и Вингс.

Концерот на Макартни во Холивуд се случи само еден ден откако Макартни го објави својот нов сингл „Деновите што ги оставивме зад нас“ и објави дека ќе издаде нов албум по пауза од пет години. Албумот се очекува да излезе на 29 мај.

 

Слични новости