Иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда соопшти денеска дека извршил напад врз американска воздухополовна база, по американскиот напад во близина на аеродромот Бандар Абас во Иран. Иранската восјка не соопшти каде се наоѓа американската воена база која била цел на нападите.
Иранските сили наведуваат дека секакво повторување на агресија врз нивната земја ќе предизвика „порешителен одговор“ и дека одговорноста за ескалацијата на Блискиот исток е кај САД.
Претходно американски танкер со нафта се обиде да мине низ Ормутскиот теснец, по што Иранците отвориле огин врз танкерот кој бил принуден да се повлече. Како одговор на тоа, американските сили бомбардираа цели во близина на градот Бандар Абас.
Слични новости
Американско-иранскиот договор го отвори расколот меѓу Трамп и Нетанјаху
Преодниот договор меѓу Вашингтон и Техеран предизвика остри реакции во Израел и го отвори прашањето дали стратегиските интереси на двата најблиски сојузници на Блискиот исток сериозно се разидуваат.
Трамп: САД ја плаќаат одбраната на Европа од Русија
„Мислам дека трошиме околу 600 милијарди долари годишно. Размислете за тоа, вистинскиот износ на пари што ги трошиме за заштита на Европа е навистина луд“, им изјави Трамп на новинарите во Белата куќа.
Демонстрантите во Албанија бараат оставка од Еди Рама и формирање на преодна влада
Организаторите на протестите што речиси четири недели се одржуваат во Тирана поради контроверзниот проект поврзан со Џаред Кушнер, ја објавија листата на барања до владата. Со неа се бара оставка на премиерот Еди Рама, формирање техничка влада, уставни реформи и „нов општествен договор“.


