Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека САД изсвојуваат огромни пари за НАТО и тврди дека значаен дел од тие средства е насочен кон заштита на европските сојузници од Русија.
„Мислам дека трошиме околу 600 милијарди долари годишно. Размислете за тоа, вистинскиот износ на пари што ги трошиме за заштита на Европа е навистина луд“, им изјави Трамп на новинарите во Белата куќа.
Трамп повторно го критикуваше односот на европските сојуници нагласувајќи дека иако Америка ја штити Европа, за возврат не добиле соодветна политичка поддршка од своите сојузници.
За оставката на Кир Стармер, Трамп рече дека Кир е добар човек, но направил премногу погрешни политички одлуки, особено во однос на имиграциската политика.
Слични новости
САД ја поддржувале Украина со разузнавачки податоци за удари врз Русија
Според пишувањето на „Фајненшал тајмс“ САД веројатно споделувале разузнавачки податоци со Украина и со тоа непосредно помогнале во нападите на Киев врз руски региони, вклучувајќи ја и Москва.
Најмалку 164 загинати и речиси 1.000 повредени – расте билансот на жртви во катастрофалните земјотреси во Венецуела
Расте билансот на жртви во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела. Според привремената претрседателка на земјата, Делси Родригез во ажурираниот извештај се евидентирани најмалку 164 загинати луѓе и, речиси, 1.000 повредени.
Рубио: Спогодбата со Иран нема да ги загрози нашите сојузници во заливот
Американскиот државен секретар Марко Рубио им порача на американските сојузници во Персискиот залив дека нивните безбедносни и економски интереси ќе бидат земени в предвид во секоја идна спогодба со Иран


