Организаторите на протестите што речиси четири недели се одржуваат во Тирана поради контроверзниот проект поврзан со Џаред Кушнер, ја објавија листата на барања до владата.

Со неа се бара оставка на премиерот Еди Рама, формирање техничка влада, уставни реформи и „нов општествен договор“.

Во соопштение прочитано во име на организаторите, беше нагласено дека главното барање е „безусловна оставка на премиерот и на владата“, придружена со формирање непартиска преодна влада со мандат од 12 месеци.

Тие бараат и уставни измени за да се обезбеди еднаквост на граѓаните пред законот, при што измените би се усвоиле преку народен референдум.

 

Слични новости

Најмалку 164 загинати и речиси 1.000 повредени – расте билансот на жртви во катастрофалните земјотреси во Венецуела

Најмалку 164 загинати и речиси 1.000 повредени – расте билансот на жртви во катастрофалните земјотреси во Венецуела

Расте билансот на жртви во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела. Според привремената претрседателка на земјата, Делси Родригез во ажурираниот извештај се евидентирани најмалку 164 загинати луѓе и, речиси, 1.000 повредени.

Рубио: Спогодбата со Иран нема да ги загрози нашите сојузници во заливот

Рубио: Спогодбата со Иран нема да ги загрози нашите сојузници во заливот

Американскиот државен секретар Марко Рубио им порача на американските сојузници во Персискиот залив дека нивните безбедносни и економски интереси ќе бидат земени в предвид во секоја идна спогодба со Иран