На одредени гранични премини, во случај на зголемен сообраќај, а со цел воспоставување нормален проток на патници и возила, постои можност привремено и делумно да се суспендира имплементацијата на ЕЕС системот, односно регистрацијата да се врши без земање биометриски податоци, соопшти официјална Атина. Отстапка би важела до 8 јули годинава, со можност да се продолжи до 6 септември.
Ставот на Атина уследува по реакциите од јавноста и од хотелиерите од северниот дел на Грција.
Сепак министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис говорејќи за системот за биометриска регистрација на државјани на трети земји рече дека иако му е жал, сепак треба да ја имплементираат европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена.
Слични новости
Земјотрес со магнитуда од 7,1 степен го потресе Кумамото во Јапонија – издадено е и предупредување за цунами
Земјотрес со магнитуда од 7,1 степени го потресе Кумамото на јужниот главен остров Кјушу во Јапонија, а издадено е и предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Иран најави дека нема да напаѓа сѐ додека Америка се воздржува од напади
Иран ќе ги запре своите напади сè додека и САД го прават истото, изјави за „Ројтерс“ висок ирански функционер. По 13 ноќи засилени американски воздушни напади врз Иран, Пентагон ја суспендираше кампањата доцна во петокот
Украина ги нападна Белгород и Ростов двајца загинати и најмалку 17 повредени
Оперативниот штаб на Белгородската област објави дека во нападот врз градот Белгород се повредени 12 лица. Запалена е една станбена зграда и 15 паркирани автомобили, а оштетени се и повеќе станбени објекти.


