Белгород и Ростов синоќа беа нападнати од украински дронови  при што загинаа две лица, а најмалку 17 се повредени, соопштија локалните власти.

Оперативниот штаб на Белгородската област објави дека во нападот врз градот Белгород се повредени 12 лица. Запалена е една станбена зграда и 15 паркирани автомобили, а оштетени се и повеќе станбени објекти.

Градот Белгород е оддалечен околу 27 километри од украинската граница.

Подоцна во текот на ноќта експлозии одекнале и во Ростов на Дон, на југот на Русија. Градоначалникот Александар Скриабин потврди дека градот бил цел на украински напад, при што е оштетена станбена зграда.

Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, соопшти дека во нападот загинал брачен пар, додека уште пет лица се повредени.

Според локалните власти, во нападот избувнале пожари во складишта и неколку куќи, а искршени се прозорци на повеќе станбени згради и на објект со социјална намена.

Експлозии се пријавени и во крајбрежниот град Таганрог на брегот на Азовското Море.

 

Слични новости

Иран најави дека нема да напаѓа сѐ додека Америка се воздржува од напади

Иран најави дека нема да напаѓа сѐ додека Америка се воздржува од напади

Иран ќе ги запре своите напади сè додека и САД го прават истото, изјави за „Ројтерс“ висок ирански функционер. По 13 ноќи засилени американски воздушни напади врз Иран, Пентагон ја суспендираше кампањата доцна во петокот

Пожарите во Франција се приближуваат кон градот Бордо

Пожарите во Франција се приближуваат кон градот Бордо

Во Франција е во тек најголемата евакуација на население по Втората светска војна. Иако градоначалникот на Бордо изјави дека самиот град засега не е директно загрозен, бројни населби во неговата околина се целосно евакуирани.

Напредуваат преговорите меѓу Иран и Оман за деблокада на Ормутскиот теснец

Напредуваат преговорите меѓу Иран и Оман за деблокада на Ормутскиот теснец

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп и нареди на американската војска да ги запре нападите врз Иран за да се овозможи дипломатско решение на судирот. Откако 13 денови по ред Трамп ги одобруваше нападите на американската војска, од петокот Трамп не ја одобрува нивната примена и нареди војската да се воздржи од нови напади.