ЛА Лејкерс денеска на свој терен го победија Кливленд со 127:113 и на шест натпревари пред крајот на регуларната сезона го зацврстија третото место во западната конференција на НБА лигата.
Најефикасен во тимот на Лејкерс беше Словенецот Лука Дончиќ кој постигна 42 коша. Со тоа Дончиќ стаса до 600 поени дадени во месец март, со што стана само еден од десетмината играчи во историјата на НБА што успеале да постигнат толкав број на кошеви во еден месец.
Дончиќ стана и играч на Лејкерси со најмногу поени во еден месец, уривајќи го рекордот на легендарниот Кобе Брајант.
Слични новости
Ливерпул ги почна преговорите со Андони Ираола за нов шеф на стручниот штаб
Фудбалскиот клуб Ливерпул ги почна преговорите со шпанскиот тренер Андони Ираола, објави денеска Скај спорт. Британските медиуми потсетуваат дека Ливерпул бара нов менаџер откако на 30 мај ја раскина соработката со Холанѓанецот Арне Слот,
Почина легендарниот американски кошаркарски тренер Рик Аделман
Легендарниот американски кошаркарски тренер Рик Аделман денеска почина во 79-тата година од животот, објави НБА лигата. Аделман е член на кошаркарската куќа на славните, а во тренерската кариера два пати играше во финалето на НБА лигата со Портланд.
Салиба највероајтно ќе го пропушти Светското првенство во фудбал
Француските медиуми пишуваат дека Салиба бил повреден и пред финалето на Лигата на шампионите во саботата, но сакал да игра по секоја цена и така ја влошил ситуацијата со повредата.


