Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави под знак прашање членството на САД во НАТО, оценувајќи ја Алијансата како „хартиен тигар“.

Во интервју за британскиот „Телеграф“, Трамп изјави дека по завршувањето на војната со Иран „речиси и да нема дилема“ дека ќе мора да се преиспита американското присуство во НАТО.

Сличен став изнесе и американскиот државен секретар Марк Рубио за „Фокс њуз“. тој нагласи дека САД ќе бидат принудени да го ревидираат односот со Алијансата.

 

Вашингтон особено е револтиран поради ограничената употреба на европските бази и, како што тврди, недоволната поддршка во кризата околу стратешки важниот Ормуски Теснец, клучен за светската економија.

Еден од основните столбови на НАТО е обврската за заеднички одговор во случај на напад – член 5. Но актуелниот конфликт со Иран, започнат од САД и Израел, не е опфатен со тој механизам на колективна одбрана.

 

 

 

Слични новости

13 загинати и голем број повредени во руски воздушен напад врз Украина

13 загинати и голем број повредени во руски воздушен напад врз Украина

Во голем руски напад со беспилотни летала и ракети врз Украина загинаа 13 лица, а најмалку 58 беа повредени, меѓу кои и седум деца. Погодени беа станбени згради во Киев и Дњепар, каде што се и најголемиот број загинати цивили.

Иран издаде ултиматум

Иран издаде ултиматум

Иран ќе ги прекине преговорите со САД за мир, доколку Израел ја продолжи воената операција против Либан, порача претседателот на иранскиот парламент Мохамед Галибаф. Тој наведе дека доколку продолжат израелските напади, Иран ќе го прекине дипломатскиот процес и ќе премина на поостар одговор.