Кошаркарите на Денвер Нагетс утринава на домашен терен се намачија да го совладаат тимот на Јута Џез кој настапи без седмина играчи и победија со 135:129.

Јута водеше во текот на целото второ полувреме, а до 5 минути пред крајот нивната предност беше двоцифрена. Денвер направи пресврт во последните три минути од натпреварот со кошеви на Јокиќ во рекетот и неколку тројки.

Јокиќ повторно забележа трипл-дабл со 33 коша, 16 скокови и 12 асистенции, а Џамал Мари постигна 31 кош.

Денвер е четврти на Западот со два порази повеќе од третопласираните Лејкерс.

Слични новости

Ливерпул ги почна преговорите со Андони Ираола за нов шеф на стручниот штаб

Ливерпул ги почна преговорите со Андони Ираола за нов шеф на стручниот штаб

Фудбалскиот клуб Ливерпул ги почна преговорите со шпанскиот тренер Андони Ираола, објави денеска Скај спорт. Британските медиуми потсетуваат дека Ливерпул бара нов менаџер откако на 30 мај ја раскина соработката со Холанѓанецот Арне Слот,

Почина легендарниот американски кошаркарски тренер Рик Аделман

Почина легендарниот американски кошаркарски тренер Рик Аделман

Легендарниот американски кошаркарски тренер Рик Аделман денеска почина во 79-тата година од животот, објави НБА лигата. Аделман е член на кошаркарската куќа на славните, а во тренерската кариера два пати играше во финалето на НБА лигата со Портланд.