Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за списанието Atlantic во неделата изјави дека потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, која во меѓувреме војската ја призна како привремен претседател, би можела да плати повисока цена од киндапираниот претседател Николас Мадуро „доколу не го стори она што е исправно“.
Трамп првично ја пофали Родригез во саботата откако американските сили го киднапираа венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга од Каракас. Меѓутоа, Родригез подоцна рече дека нејзината земја ќе ги брани своите природни ресурси.
„Доколку не го стори она што е исправно, ќе плати многу висока цена, можеби и поголема од Мадуро“, рече Трамп во телефонско интервју откако пристигна на неговото голф-игралиште во Вест Палм Бич, на Флорида.
Американскиот претседател ја бранеше својата одлука за „апсење“ на Мадуро со упад во странска земја.
„Знаете, обновувањето и промената на режимот таму, како и да сакате да го наречете тоа, е подобро од она што го имате сега. Не може да биде полошо“, изјави Трамп за Atlantic.
Трамп рече дека и други земји би можеле да бидат предмет на американска интервенција. „Апсолутно ни е потребен Гренланд“, рече американскиот претседател за островот, кој е дел од Данска, членка на НАТО.
Висок американски функционер изјави во неделата дека администрацијата на Трамп ќе соработува со сегашното раководство на Венецуела, објави AFP.
Изјавите на американскиот државен секретар Марко Рубио сугерираа дека Вашингтон не бара целосна промена на режимот. Рубио се обиде да разјасни претходна изјава на Доналд Трамп дека САД ќе ја „водат“ латиноамериканската земја со околу 30 милиони луѓе и огромни енергетски и рудни ресурси.
Рубио рече во емисијата „Meet the Press“ на телевизиската мрежа NBC дека САД „не се во војна со Венецуела“, туку со трговците со дрога. Рубио даде повеќе телевизиски интервјуа во недела наутро по американски време за да стави до знаење дека Вашингтон не бара превирања.
Државниот секретар рече дека Вашингтон е подготвен да соработува со Родригез и остатокот од кабинетот на Мадуро, сè додека тие ги почитуваат барањата на САД. „Ќе направиме проценка врз основа на она што го прават, а не на она што јавно го кажуваат во меѓувреме“, изјави Рубио за CBS News.
Нагласувајќи го недостигот од фокус на демократијата или желбата да им се помогне на долго поддржуваните кандидати на опозицијата да дојдат на власт, Рубио изјави за NBC дека е „прерано“ да се зборува за нови избори за Венецуела.
Трамп се закани со „втор бран“ воена акција доколку е потребно, но Рубио рече дека притисокот на САД врз Венецуела ќе остане во форма на ембарго за извоз на нафта што го спроведуваат бродовите на американската морнарица во Карибите.
Слични новости
Пентагон испраќа маринци на Блискиот исток
Пентагон ја испраќа на Блискиот исток единицата за брз одговор која ја сочинуваат околу 2.500 маринци и морнари и неколку воени бродови.
Израел планира проширување на копнената операција во Либан
Израел планира значително да ја прошири копнената операција во Либан и да ја заземе територијата јужно од реката Литани, за да ги уништи воените позиции на Хеболах, соопштија израелски и американски службеници.
Погодена американската амбасада во Ирак во ракетен напад
Според податоци на ирачки безбедносни извори амбасадата била погодена од дрон и во нападот бил уништен системот на противвоздушна одбрана на амбасадата.


