Во последниот неделен натпревар од 20-то коло од англиската Премиер лига во кој Манчестер Сити му беше домаќин на Челзи, а дербито заврши со резултат 1:1 и дел од бодовите.

По еден старт на средниот ред, Јошко Гвардиол остана да лежи на тревникот со болна гримаса на лицето. Се чини дека станува збор за повреда на десниот глужд, за која му беше потребна помош од физиотерапевт и соиграчи при напуштањето на теренот во 51. минута. Екипата на Пеп Гвардиола остана без двајцата централни бекови на овој натпревар, бидејќи и Рубен Диас ја напушти играта поради повреда во 81. минута.

Во тој момент, Манчестер Сити сè уште имаше минимална предност, која им ја даде во 42.минута Тиџани Рејндерс. Сепак, во четвртата минута од судиското продолжение, Челзи „украде“ бод на „Етихад“, а стрелец беше Енцо Фернандез, кој со тоа донесе успешен почеток на привремениот тренер на „Сините“ Калум Мекфарлан.

Манчестер Сити се врати на второто место, но сега е само бодовно израмнет со Астон Вила. Двата тима имаат 42 бода, шест помалку од водечкиот Арсенал. Ливерпул е четврти со 34 бода, а Челзи е на петтото место со 31 бод, исто колку и Манчестер Јунајтед.

 

Претходно во неделата Кристал Палас беше поразен со 2:0 на гостувањето кај Њукасл Јунајтед. Кристал Палас го претрпе четвртиот пораз во последните пет натпревари од Премиер лигата. Втората првенствена победа по ред на „Страчките“ им ја донесоа Бразилецот Бруно Гимараеш (71) и германскиот дефанзивец Малик Тиау (78).

Њукасл скокна на деветтата позиција со 29 бода, а Кристал Палас е на 14-то место со 27 бода.

Брентфорд победи со 4:2 на гостински терен кај Евертон со хет-трикот на Бразилецот Игор Тиаго (11, 51, 88), а преостанатите три попладневни натпревари завршија со поделба на бодовите.

Највозбудливиот финиш беше виден на лондонски „Крејвен Котиџ“, каде што домашниот Фулам освои бод во седмата минута од судиското продолжение со одличниот гол на Харисон Рид, само пет минути по влегувањето во играта и три минути откако се чинеше дека Ливерпул ќе победи преку голот на Коди Гакпо. Фулам поведе во 17. минута со голот на Хари Вилсон, а Флоријан Вирц постигна гол за 1:1 во 57. минута.

Фудбалерите на Лидс Јунајтед беа домаќини на Манчестер Јунајтед во неделата, а дуелот на „Еланд Роуд“ заврши без победник, со резултат 1:1. Двата гола беа постигнати во второто полувреме, со разлика од три минути. Домашниот тим поведе во 62. минута со голот на американскиот репрезентативец Бренден Аронсон, а конечните 1:1 ги постави во 65. минута бразилскиот напаѓач Матеуш Куња.

Манчестер Јунајтед привремено скокна на петтото место со 31 бод, а Лидс Јунајтед, со третото последователно реми и петто во последните шест натпревари, стигна до 22 бода и остана на 16-та позиција.

globe

Слични новости