Во Македонија 29,41 насто од купувачите се пожалиле на проблеми при е-шопинг, покажува истражувањето на Евростат од 2025 за користење на информатичко-комуникациските технологии. На ниво на ЕУ над една третина или 35,4% од клиентите во Европската Унија (ЕУ) пријавиле проблеми при онлајн купување преку веб-страница или апликација,
Меѓу земјите на ЕУ, најголем процент на клиенти кои наишле на проблеми е забележан во Малта (64%), во Холандија (57,9%) и во Луксембург (51,4%).
Спротивно на тоа, најниски проценти се пријавен во Португалија (4,5%), Грција (10,6%) и Летонија (13,3%).
Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите.
Слични новости
Избори за ректор на УКИМ
Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, денеска со тајно гласање ќе избира помеѓу двајцата кандидати за нов ректор на УКИМ – Биљана Ангелова и Дарко Данев.
Завршни зборови во случајот против Стојанче Јовановски
Денеска во судот завршните зборови во случајот против Стојанче Јовановски, кој е обвинет за наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана, како и за нанесување телесни повреди во контекст на семејно насилство и загрозување на сигурноста.
Протест пред Собранието против даноци на приходи од странство
Денеска нов протест организиран од група граѓани, кои изразуваат незадоволство од постапувањето на Управата за јавни приходи во врска со оданочување на приходи остварени во странство изминатите години.


