Денеска нов протест организиран од група граѓани, кои изразуваат незадоволство од постапувањето на Управата за јавни приходи во врска со оданочување на приходи остварени во странство изминатите години.
Протестот е реакција на барањата за плаќање данок на вакви приходи, при што организаторите сметаат дека одлуките на институциите се спорни и неприфатливи.
Најголем дел од оние што се незадоволни се студенти кои работеле во Германија преку Work travel, и граѓани кои работеле во Авганистан и Ирак. УЈП оданочува средства заработени и во 2020 година.