Американскиот актер Џон Траволта доби почесна Златна палма на филмскиот фестивал во Кан, каде што се претстави со режисеркото деби на филмот „Еднонасочниот пропелер на ноќниот тренер“.

Директорот на канскиот фестивал Тјери Гремо му ја врачи наградата на Траволта, кој рече дека за него ова е многу емотивен момент и дека наградата за него е повеќе од Оскар.

Филмот на Траволта што го отвори канскиот фестивал ќе ја има премиерата  на 29 мај на стримерот „Ејпл“.

Филмот е снимен според истоименета книга на Џон Траволта, а Џон Траволта изјави дека овој филм е „најличната работа што ја има направено досега во кариерата“.  

Слични новости

Екипажот на мисијата Артемис 2 се враќа дома

Екипажот на мисијата Артемис 2 се враќа дома

Мисијата, лансирана на 1 април 2026 година, беше првото човечко патување околу Месечината по повеќе од половина век. Астронаутите поминаа околу 10 дена во лет, следејќи траекторија на „слободно враќање“