По десет дена патување низ вселената и обиколка околу Месечината, космонаутите од мисијата Артемис 2 се враќаат дома.
Мисијата, лансирана на 1 април 2026 година, беше првото човечко патување околу Месечината по повеќе од половина век. Астронаутите поминаа околу 10 дена во лет, следејќи траекторија на „слободно враќање“ – природна патека што ги враќа назад кон Земјата без потреба од дополнителен погон.
Артемис 2 е клучен чекор кон враќањето на човекот на Месечината и подготовка за идните мисии кон Марс.
Успешната мисија значи и потврда дека човештвото повторно е подготвено за големи чекори во вселената.
Слични новости
Во Конго повеќе од 1.000 сомнителни случаи на ебола
Бројот на лица во Демократска република Конго за кои има сомнение дека се оболени од Ебола се зголеми на 1.028, ијзави министерот за здравство на оваа земја Самјуел Камба. Тој им рече на новинарите дека е потврдено дека 225 лица се заразени од овој смртоносен вирус.
Глобалните температурни рекорди ќе бидат соборени во следните пет години
Големи се шансите дека во следните пет години ќе бидат соборени глобални рекорди за топлина, се вели во нов извештај на Светската метеоролошка организација.
„Војна на Ѕвездите: Мандалоринецот и Грогу“ заработи 100 милиони долари на отварањето во САД
„Војна на ѕвездите : Мандалоринецот и Грогу“ стигна до заработка од 100 милиони долари на американскиот Бокс офис и до 65 милиони долари во странство за тотална заработка од 165 милиони долари на премиерниот викенд.


