Италијанските медиуми објавуваат дека селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Џенаро гатузо ќе биде сменет по неуспехот во бараж натпреварите да ја пласита Италија на Светското фудбалско првенство.

Како што се наведува, неуспехот против Босна и Херцеговина бил пресуден за прекин на соработката, иако Гатузо имал опција за продолжување на договорот во случај на пласман на „Азурите“ на Светското првенство.

Заедно со Гатузо националниот тим ќе го напушти и Џиџи Буфон кој од 2023 е шеф на италијанската фудбалска делегација.

Италијанските медиуми пишуваат дека во овој момент двајца кандидати се во прв план за местото селектор, Антонио Конте и Масимилијано Алегри.

 

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.