Досегашниот кошаркар на Бруклин Кем Томас стана нов играч на Милвоки Бакс, пренесе американската телевизија ЕСПН. Томас доаѓа во Милвоки како слободен играч, откако Бруклин го отпушти по истекот за трејд.
Томас во претходните две сезони беше најдобар стрелец на Бруклин Нетс, а минатата сезона имаше просек од 24 кошеви по натпревар.
Тој рече дека го избрал Милвоки затоа што покажуваат интерес за него со години и дека е среќен што му се реализира оваа прилика.
Слични новости
Ковентри по 25 години се врати во Премиер лигата
Екипата што ја предводи менаџерот Френк Лампард е водечка во Чемпионшип со 86 бода, Ипсвич има 75, а на третото место е Милвол со 73.
Етиките поради повредата ќе го пропушти Светското првенство во фудбал
Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција Дидие Дешамп изјави дека напаѓачот на Ливерпул Уго Етиките ќе го пропушти Светското првенство во фудбал поради тешка повреда.
Баерн со пресврт во финишот против Реал Мадрид до победа од 4:3 и полуфинале во ЛШ
Фудбалерите на Баерн Минхен и Реал Мадрид и во реванш натпреварот од четвртфиналето на ЛШ приредија спекаткл како и во првиот меч, кој на крајот заврши со 4:3 за Баварците.


