Кошаркарот на Мемфис Џа Морант ја заврши сезоната во НБА лигата поради повреда на левиот лакт, соопшти клубот од НБА лигата. Во соопштението на Мемфис се наведува дека Морант би требало да се опорави од повредата до почетокот на подготовките за наредната сезона.

Џа Морант сезонава поради проблеми со повредите одигра само 20 натпревари, а во просек имаше 19,5 поени, 8,1 асистенција и 3,2 скока по натпревар.

Кошаркарите на Мемфис се наоѓаат на 12-тото место на табелата на Западната конференција на НБА лигата со 24 победи и 47 порази.

Слични новости

Мурињо нов тренер на Реал Мадрид

Мурињо нов тренер на Реал Мадрид

Жозе Мурињо се враќа во Реал Мадрид. Сите услови меѓу Мурињо и Реал Мадрид се усно договорени, останува уште потпишување на документите.