Јувентус испрати понуда од 40 милиони евра до Бриж за еквадорскиот стопер Џоел Ордоњез кој има договор со Бриж до 2029 година.
ЕСПН објави дека Бриж ја прифати понудата на Јувентус за 22 годишниот талент и дека летово тој заминува за Торино.
За неговите услуги беа заинтересирани и Милан, Аталанта и Олипмипк Марсеј.
Трансферот меѓу клубовите е веќе договорен, остануваат деталите околу самиот играч, кој треба да ја прифати понудата.
Слични новости
Манчестер јунајтед по победата во дербито со Сити, го победи и водечкиот Арсенал
Фудбалерите на Манчестер јунајтед стигнаа до втората победа во низа од доаѓањето на Мајкл Керик на тренерската клупа, откако во неделата вечер го совладаа Арсенал на нивниот стадион Емирати со 3:2.
Австралија го слави Де Минор кој во следното коло ќе игра против Алкараз
Австралискиот тенисер Алекс де Минор се пласираше во четвртфиналето на отвореното првенство на Австралија во Мелбурн, откако го победи 10-от играч во светот Александар Бублик од Казахстан со 3:0.
Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз се пласираа во четвртфиналето на Австралија опен
Ветеранот Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен, без борба, откако Чехот Јакуб Меншик го предаде мечот поради повреда.


