Фудбалерите на Манчестер јунајтед стигнаа до втората победа во низа од доаѓањето на Мајкл Керик на тренерската клупа, откако во неделата вечер го совладаа Арсенал на нивниот стадион Емирати со 3:2.

Ова е прв пораз на Арсенал на домашен терен во првенството и дојде по пресврт откако Арсенал поведе во 30-тата минута од натпреварот. Во 37-та минута по груба грешка на Зубименди, Мбеумо израмни на 1:1 и со тој резултат заврши полувремето.

Во второто полувреме во 51-та минута Патрик Доргу постигна спектакуларен гол за 2:1 за Јунајтед. Тренерот на Арсенал Артета потоа во игра фрли тројца шпиц напаѓачи и Арсенал успеа да израмни преку Мерино во 83-тата минута. Конечните 3:2 за Јунајтед беа дело на Куња кој со прецизен удар од далечина ја донесе победата за Јунајтед.

 

Слични новости

Историски пресврт и прво полуфинале за Детроит на Истокот по 18 години

Историски пресврт и прво полуфинале за Детроит на Истокот по 18 години

Детроит успеа да се пласира во полуфиналето на Источната конференција откако утринава во мајстроката против Орландо победи со 116:94 и победи во серијата со 4:3. Детроит губеше со 3:1 од Орландо и практично „се врати од мртвите“.