Секвелот „Ѓаволот носи Прада 2“ на Дејвид Франкел викнедов падна на второто место на американскиот Бокс офис со заработка од 18 милиони долари, откако биопикот „Мајкл“ повторно го презе првото место.

И покрај тоа, студиото Дизни е презадоволно, затоа што „Ѓаволот носи Прада 2“ стана најгледан женски филм по Барби со заработка од 546 милиони долари глобално за три недели прикажување.

Филмот имаше релативно низок буџет за блокбастер од околу 100 милиони долари, од кои за кастот на трите главни женски улоги: Мерил Стрип, Ен Хатавеј и Емили Блант се потрошени 37,5 милиони долари.

Дизни се очекува следниот викенд повторно да се врати на првото место на Бокс офисот со „Манлдалориан и Грогу“ најновиот филм од франшизата „Војна на ѕвездите“.

Слични новости

Продуцентката на ТВ серијата „Техеран“ Дана Еден пронајдена мртва на 52 годишна возраст во хотел во Грција

Дана Еден продувентката на шпионскиот трилер „Техеран“ кој се емитува на Ејпл Тв беше пронајдена мртва во својата хотелска соба во Атина, за време на снимањето на четвртатата сезона од серијата.