Денеска почна штрајк на грчките царински службеници, кој се одржува во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време.
Ограничувањата се однесуваат на сите три гранични премини меѓу Македонија и Грција – Евзони (Богородица), Ники (Меџитлија) и Дојрани (Дојран). За време на протестот, патничките возила се пропуштаат во интервали од по десет минути, што создава забавен проток и можни колони.
Товарниот сообраќај е целосно запрен. Грчките царински службеници со протестот бараат подобри услови за работа и исплата на додатоци за прекувремена работа, сменска работа, работа за време на празници и викенди.
Слични новости
Утрово на ГП „Блаце“ се предаде екс директорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами – спроведен е во Шутка
Министерството за внатрешни работи потврди дека утрово, во 5:35 часот, на граничниот премин Блаце, сам се пријавил поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница. Бајрами, како што информира МВР, е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“.
Застреланиот во Арачиново е албанскиот пејач Азиз Мурати од Скопје
Мурати е ранет на влезот во Арачиново, откако во него пукало лице од возило – лице што го познавал од претходно и кое било во друштво со уште едно лице. Од МВР наведуваат дека се преземаат сите мерки и активности за расчистување на случајот.
Активни пожари во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево
Во текот на изминатото деноноќие беа регистрирани вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои три се активни, а седум се под контрола, извести Центарот за управување со кризи.


