Министерството за внатрешни работи потврди дека утрово, во 5:35 часот, на граничниот премин Блаце, сам се пријавил поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница. Бајрами, како што информира МВР, е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“.
Тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби е меѓу главните осомничени за злоупотреби направени во „Државна лотарија“. Покрај Груби и Бајрами, во случајот „Државна лотарија“, обвинети се и Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.
На судењето што почна неделава сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, освен Бајрами, кој беше недостапен на органите за прогон, и обвинетиот Башким Авдиу, кој изјави дека не го разбира обвинението што му се става на товар и побара да му биде доставено писмено на неговиот мајчин, албански јазик.
Слични новости
Се шири епидемијата на грип во Македонија
Институто за јавно здравје соопшти дека за една недела бројот на пријавени случаи со грип е речиси двојно зголемен и предупреди дека Македонија сè уште не го достигнала пикот за сезонска активност на грипот.
Филипче: Министерката Кочоска лаже дека незнаела ништо за влезот на Алтa банка. Доказ е записникот од седница на владата за влезот на банката
Не само што била информирана, туку Владата на Мицкоски токму на предлог на Кочовска носела Заклучоци директно поврзани со понудата за преземање акции од страна на Алта Банка АД Белград.
Мицкоски најави дека Алта банка Битола ќе се продава или ќе оди во стечај
Мицкоски побара Јавното обвинителство да отвори истрага против опозицијата за кривично дело саботажа, затоа што како што рече, свесно го урива Уставот и државниот поредок ширејќи невистини.


