Четири лица се уапсени во врска со двете убиства кои се случија за неколку дена во скопската општина Ѓорче Петров. Телма објави дека уапсените при распитот во станица ги признале делата.

Извори од истрагата велат дека во едниот напад учествувале двајца, а во вториот тројца. Четвртиот уапсен  бил возачот кој ги превезувал, акој се бранел дека не знае што планирале и правеле неговите патници.

Во автомобилот на осомничениот возач се најдени траги поврзани со разбојништвата, а во домовите на жртвите се најдени и ДНК трагови од уапсените.

На 22 октомври 62 годишник беше пронајден мртов во неговиот дом со знаци на насилство. Телма јавува и дека осомничените биле фатени на видео камера на една од соседните куќи. Соседите велат дека истиот ден бил направен обид за грабеж и во куќа на соседната улица, во која не живеел никој.

На 27 месецов, 76 годишна жена беше пронајдена од нејзината ќерка без знаци на живот и со исто така видливи траги на насилство.

 

Слични новости

Истекува мерката намалено ДДВ за дизелот – се чека Регулаторна да ги објави новите цени на горивата

Истекува мерката намалено ДДВ за дизелот – се чека Регулаторна да ги објави новите цени на горивата

Мерката со која ДДВ за дизел-горивото беше намалено од 18 на 10 проценти истекува денеска. Намалената стапка се применува од 15 септември, а Владата треба да одлучи дали истата ќе биде продолжена и во следните две недели.

Уставниот суд повторно решава за финансирањето на државното рекламирање

Уставниот суд повторно решава за финансирањето на државното рекламирање

Иницијативите се поднесени од Левица и партијата Демократи, а се оспоруваат членовите кои се однесуваат на распределбата на медиумскиот простор и јавните средства за платено политичко рекламирање меѓу учесниците на изборите.