Фудбалерите на четвртолигашот Флитвуд го елиминираа англискиотшампион Арсенал во 1/8 финалето на англискиот куп, откако одиграа 1:1 во регуларниот тек на натпреварот, а беа подобри во изведувањето на пеналите.

Тренерот на Арсенал Микел Артета ги одмараше најдобрите фудбалери, и тоа скапо го чинеше за рана елиминација на клубот во англискиот куп.

Флитвуд водеше по првото полувреме со 1:0. Во второто Артета од клупа почна да ги уфрла првотимците што доведе до голем притисок врз Флитвуд и израмнување преку Ѓокереш.

До крајот на мечот Арсенал пропушти неколку стопроценти шанси , а јунак на натпреварот беше голманот на Флитвуд кој ги одбрани сите шутеви кон неговиот гол до крајот на мечот.

Слични новости

Николас Батум ја заврши кошаркарската кариера

Николас Батум ја заврши кошаркарската кариера

Францускиот кошаркар Николас Батум реши да ја заврши кариерата во 37-та година. Тој дојде во НБА лигата во дамнешната 2008-ма година, а најголемиот дел од кариерата го мина во Портланд, Шарлот и ЛА Клиперс.