Поплави во Кичевско и Гостиварско. Се излеа Зајашка река, под вода се најдоа улици, домови и објекти на болницата во Кичево.
Стотици луѓе се евакуирани и времено сместени во спортска сала. Во Југозападниот регион, во Кичево е регистрирано најголемо поплавување на куќи и евакуирани се 220 лица кои се сместени во спортската сала Христо Узунов.
Организирана е достава на храна и вода за загрозените лица со поддршка на Црвен крст, а на терен активно работат екипи од полицијата, комуналното претпријатие и противпожарната служба.
ЦУК извести и за поплави во гостиварско и во скопската општина Сарај, погодени се над 30 семејства.Во Општина Зелениково има минимално излевање на реката Вардар кај селата Пакошево и Ново Село без непосредна опасност .
Слични новости
Нино Васев останува во притвор
Кривичниот совет на Основниот кривичен суд – Скопје го одби предлогот на одбраната за укинување на притворот на обвинетите Нино Васев и Нехат Нухи во случајот „Онкологија 2“, иако беа понудени имотни гаранции од над 350.000 евра.
„Стоп за Усје“ ја обвини општина Кисела вода дека намерно крие колку загадува Усје
Граѓанската иницијатива одржа прес-конференција пред Општина Кисела Вода, посочувајќи дека од Општината добиле лажни информации во врска со мерната станица која Општината ја постави во Усје.
УХМР алармира за значителен пораст на речните води по обилните дождови во Македонија
Најсериозна е состојбата со реката Треска кај Македонски Брод, каде нивото достигнало 196 сантиметри, во споредба со февруарскиот просек од 49 сантиметри.


