Цените на нафтата денес скокнаа за повеќе од пет проценти, при што меѓународната референтна сурова нафта брент се движеше околу 96 долари за барел, а американската сурова нафта WTI на 94 долари за барел.

Скокот на цената се случи по извештаите дека Иран ги суспендира индиректните контакти со САД поради зголемените израелски воени операции во Либан, што дополнително ги зголеми загриженоста на инвеститорите за стабилноста на снабдувањето со енергија од Блискиот Исток, објави Трејдинг економикс. 

И покрај зголемувањето на тензиите, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува позитивен исход од разговорите со Техеран и оцени дека преговорите на крајот ќе доведат до решение.

Слични новости