Цените на нафтата утрово пораснаа за повеќе од три проценти, како реакција на новите напади што си ги разменија Иран и САД, а Израел ѝ издаде наредба на својата војска да ги интензивира нападите врз Хезболах во Либан, објави Ројтерс.
Денеска на берзите барел нафта од типот Брент е поскап за 3,05 проценти и се продава за 93,9 долари по барел, а цената на американската сурова нафта поскапе за 3,3 проценти и се продава за 90,2 долари за барел.
САД сооштија дека спровеле нови напади чија цел биле радарски позиции и локации за контрола на беспилотни летала на иранските острови Горук и Кешм.
Иранската елитна Исламска револуционерна гарда денеска, пак, соопшти дека нејзините воздухопловни сили нападнале американска воздухопловна база.
Слични новости
Откажување на летови поради кризата со керозин
Поради растот на цените на авиогоривото, повеќе авиокомпании веќе кратат линии, а се зголемува и ризикот од поскапување на билетите.
ЕУ размислува за делење авионско гориво меѓу членките поради кризата со керозинот
Европската комисија се подготвува да побара делење на авионското гориво во рамки на Европската унија поради последиците од конфликтот на Блискиот Исток.
Германија подготвува мерки поради можен недостиг на керозин
Како што пренесува „Шпигел“, Мерц најави итно свикување на Националниот совет за безбедност за да се разгледа стратегијата за енергетска стабилност.


