Фјучерсите на американската сирова нафта денеска пораснаа на 99 долари за барел, но цените се и натаму за 10 проценти пониски откао САД и Иран прогласија прекин на огнот.

Сировата нафта во моментов е поскапа и изнесува 99,4 долари за барел, додека нафтата Брент се продава за 97 долари за барел, објави Трејдинг економикс.

Падната е и цената на природниот гас на 2,67 долари.

Цената на златото драстично падна за 14 насто и сега изнесува 4874 долари за унца.

Слични новости

Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра

Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра

Во првите 17 дена од кризата со Иран, ЕУ потрошила околу шест милијарди евра повеќе за увоз на фосилни горива. Иако обновливите извори покриваат 48 отсто од потрошувачката на струја, транспортот останува силно зависен од увозот