Германските извозници се песимистични поради војната на Блискиот исток и се загрижени за своето работење, се наведува во денеска објавениот извештај на Институтот за економски истражувања од Минхен.
Вредноста на индексот кој ги мери очекувањата на германските извозници во март падна на минус 0,9 поени од февруарските плус 2,7.
Судирот на Блискиот исток значително ја зголеми неизвесноста меѓу извозниците, а многу компании страхуваат од пад на побарувачката на клучни пазари, изјави раководителот на истражувањето на Институтот Клаус Волрабе.
Хартиената, печатената и хемиската индустрија и натаму очекуваат пад на извозот, додека во машинството и преработувачката на метали е забележана стагнација.
Слични новости
Мајската инфлација во Европа се забрза поради скокот на цените на енергентите
Годишната инфлација во еврозоната според прелиминарните проценки порасна во мај на 3,2 насто, од априлските 3 проценти. Ова е највиска стапка на инфлација од септември 2023 објави денеска Евростат.
Цените на нафтата растат поради нови ескалации во конфликтот на Блискиот Исток
Цените на нафтата денес скокнаа за повеќе од пет проценти, при што меѓународната референтна сурова нафта брент се движеше околу 96 долари за барел, а американската сурова нафта WTI на 94 долари за барел.
Европските берзи денеска во благ плус
Европските берзи денеска се во благ плус додека инвеститорите ги чекаат новите податоци за инфлацијата во мај во еврозоната кои треба да покажат колку војната меѓу САД и Иран влијаела врз растот на цените на енергентите и пошироката економија.


