Цената на нафтата Брент денеска поскапе за два насто, откако воените удари на САД на југот од Иран ги загрижија инвеститорите кои се надеваат на мировна спогодба меѓу Вашингтон и Техеран.

Според податоците од отварањето на берзите, цената на нафтата Брент порасна за речиси два насто и изнесува 99 долари за барел, а цената на сировата американска нафта ВТИ порасна за 1,52 насто на 92,5 долари за барел.

Како последица на новите американски напади, денеска европските берзи се главно во пад.

Американската војска соопшти дека изврши напади на југот од Иран чии цели беа бродови кои се обидувале да постават мини во Ормутскиот теснец, како и локации за лансирање ракети, објави американската телевизија ЦНБЦ.  

Слични новости

Продолжуваат да растат цените на гасот и нафтата како последица на војната на Блискиот исток

Фјучерсите на европските цени на гасот во еден момент денес скокнаа на 61 евро за мегават-час, што е највисока вредност во последните три години, а цените на нафтата од типот Брент надминаа 84 долари за барел.

Голем пад на азиските берзи поради војната на Блискиот Исток

Најголемите загуби беа забележани во Сеул, каде што тргувањето заврши со пад на пазарот од 12 проценти, најголем пад во историјата. За два дена, референтниот индекс на Јужна Кореја изгуби повеќе од 18 проценти од својата вредност, додека валутата падна на најниско ниво во последните 17 години.