Цената на нафтата Брент денеска поскапе за два насто, откако воените удари на САД на југот од Иран ги загрижија инвеститорите кои се надеваат на мировна спогодба меѓу Вашингтон и Техеран.
Според податоците од отварањето на берзите, цената на нафтата Брент порасна за речиси два насто и изнесува 99 долари за барел, а цената на сировата американска нафта ВТИ порасна за 1,52 насто на 92,5 долари за барел.
Како последица на новите американски напади, денеска европските берзи се главно во пад.
Американската војска соопшти дека изврши напади на југот од Иран чии цели беа бродови кои се обидувале да постават мини во Ормутскиот теснец, како и локации за лансирање ракети, објави американската телевизија ЦНБЦ.
Слични новости
Иран се закани дека ниту еден литар нафта нема да биде извезен од Блискиот исток
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека нема да дозволи извоз на „ниту еден литар нафта“ од Блискиот Исток доколку САД и Израел продолжат да напаѓаат.
Пад на цените на нафтата
Цената на суровата нафта Брент падна за околу 4,3% на 94,62 долари за барел во понеделник до 23:45 часот по источно време.
Премиерот Мицкоски смета дека нема потреба од прогласување кризна состојба
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека не гледа потреба за прогласување кризна состојба поради порастот на цените на горивата.


