Цената на нафтата Брент денеска поскапе за два насто, откако воените удари на САД на југот од Иран ги загрижија инвеститорите кои се надеваат на мировна спогодба меѓу Вашингтон и Техеран.

Според податоците од отварањето на берзите, цената на нафтата Брент порасна за речиси два насто и изнесува 99 долари за барел, а цената на сировата американска нафта ВТИ порасна за 1,52 насто на 92,5 долари за барел.

Како последица на новите американски напади, денеска европските берзи се главно во пад.

Американската војска соопшти дека изврши напади на југот од Иран чии цели беа бродови кои се обидувале да постават мини во Ормутскиот теснец, како и локации за лансирање ракети, објави американската телевизија ЦНБЦ.  

Слични новости

Европските берзите во пад цената на нафтата Брент над 105 долари

Европските берзите во пад цената на нафтата Брент над 105 долари

Европските берзански индекси денеска се во пад, а цената на нафтата Брент повторно се искачи на повеќе од 105 долари за барел. На пазарите владее неизвесност околу мировните разговори меѓу САД и Иран со кој би се окончала војната на Блискиот исток.