Цената на нафтата Брент е под 115 долари за барел, откако се обновени дипломатските настојувања за решавање на конфликтот, што ги поттикна надежите за окончување на војната меѓу САД и Иран.
Трејдинг економикс пренесува дека поевтини и американската лесна нафта ВТИ за околу 1,5 насто во однос на минатио ден и таа сега се продава за околу 100 долари за барел.
Врховниот водач на Иран ајатолахот Моџтаба Хамнеи повика на окончување на сегашната состојба „ниту војна ниту мир“, што е протолкувано на берзите како можен сигнал за отварање простор за преговори.
Слични новости
Нафтата поевтини, европските берзи во плус
Европските акции главно се во плус откако глобалните обврзници се стабилизираа по силната распродажба, а пазарите и натаму ги притиска силната загриженост поради фискалната ситуација во Франција.
Годишната инфлација во еврозоната скокна на 3,8 насто
Годишната инфлација во еврозоната според прелиминарните „флеќ“ проценки порасна од августовските 3,2 насто, на 3,8 насто во септември, така што сега е на највисоко ниво за последните три години, објави денеска Евростат.
Акциите на компанијата „Најк“ од почетокот на годината загубија 45 насто од вредноста
Акциите на компанијата „Најк“ денеска паднаа за околу 10 проценти, откако производителот на спортска опрема објави пад на приходите и прогноза што ги разочара инвеститорите.


