Цените на нафтата денеска надминуваа 115 долари за барел за врреме на отварањето на берзите во Азија, додека продолжува војната во Иран која веќе трае еден месец.

Цената на нафтата Брент изнесува околу 115,84 долари, што е зголемување за 2.9 насто во однос на цената од петокот, пренесува Би Би Си.

Цената на нафтата Брент пред американско-израелските напади врз Иран изнесуваше 72 долари.

Цената на нафтата Брент во март порасна за повеќе од 55 насто, што е најбрз месечен раст било кога забележан во историјата, пренесе американската телевизија Си Ен Би СИ.

 

Слични новости

Нафтените компании го предупредуваат Трамп дека кризата со недостигот на нафта ќе ескалира

Нафтените компании го предупредуваат Трамп дека кризата со недостигот на нафта ќе ескалира

Според проценките на лидерите во индустријата, повторната нормализација на пловидбата низ Ормускиот теснец е единственото долгорочно решение за стабилизирање на глобалниот енергетски пазар.