Директорите на најголемите американски нафтени компании ја предупредија администрацијата на претседателот Доналд Трамп дека енергетската криза предизвикана од војната со Иран може дополнително да се влоши, ако продолжат нарушувањата во Ормускиот теснец, објави „ Волстрит џурнал“.
За време на состаноците одржани минатата недела во Белата куќа, раководителите на големите енергетски компании ги предупредија официјалните лица дека нестабилноста на оваа клучна транспортна рута може дополнително да ги зголеми цените на нафтата и да предизвика недостиг од рафинирани горива.
На состаноците присуствуваа раководителите на „ЕксонМобил“, „Шеврон“ и „КонокоФилипс“, кои предупредија дека конфликтот и нарушувањата во превозот со танкери би можеле да одржат висока нестабилност на енергетските пазари.
Според проценките на лидерите во индустријата, повторната нормализација на пловидбата низ Ормускиот теснец е единственото долгорочно решение за стабилизирање на глобалниот енергетски пазар.
Слични новости
Италијанската банка Уникредит забележа рекорден квартал со пораст на нето добивката за 16,1 насто
Италијанската банка Уникредит денеска соопшти дека во првиот квартал на 2026 забележа најдобар квартален резултат во историјата, со раст на нето добивката за 16,1 насто меѓугодишно.
Благ пад на цената на нафтата на светските берзи
Цената на сировата нафта на светските берзи денеска падна за 2,21 насто на 104 долари за барел, додека цената на референтната нафта Брент падна за 1 насто на 113,2 долари за барел.
Хуго Бос ги надмина прогнозите и покрај падот на добивката во првиот квартал
Извршниот директор на Хуго Бус изјави дека војната на САД и Израел против Иран придонесоа за негативно влијание врз продажбата на клучни пазари, а особено на Блискиот исток.


