Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.

Според агендата по пречекот ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и премиерот Пленковиќ, а потоа и владина билатерална средба.

Предвидено е двајцата премиери да потпишат договори за стратешка соработка помеѓу двете земји, а македонското министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското министерство за економија ќе потпишат меморандум за соработка.

 

Слични новости

Мицкоски: Македонија е жртва на европски булинг, ЕУ разгледува поделба на земји од „прва и втора лига“

Премиерот Христијан Мицкоски упати остри пораки за текот на македонските евроинтеграции, оценувајќи дека државата е жртва на класичен булинг од страна на земји членки на ЕУ.